Дома Фудбал (Видео) „БОМБАТА“ на Шибасаки не беше доволна, оној кој го критикуваа сега и донесе победа на Барса!

(Видео) „БОМБАТА“ на Шибасаки не беше доволна, оној кој го критикуваа сега и донесе победа на Барса!

Eкипата на Барселона потешко од очекувањата стигна до денешната победа против Гетафе од 1:2.

Гетафе одигра одличен натпревар, но сепак на крајот не успеа да издржи. Водство на домаќините донесе Габу Шибасаки кој испрати вистинска „бомба“ во мрежата на Тер Штеген на шест минути пред крајот на првиот дел, па избраниците на Бордалас на полувремето заминаа со предност.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во вториот дел Каталонците како да се разбудија, започна Барса да игра нешто подобро, а тоа се исплатеше после нешто повеќе од еден час игра кога Денис Суарез погоди за изедначување. За нова победа на Барса се погрижи играчот кој беше многу критикуван при неговото пристигнување на „Ноу Камп“, Бразилецот Паулињо.

Барса со оваа победа го задржа максималниот учинок од четири победи во исто толку натпревари, а во следното коло ги очекува натпревар на домашен терен против Еибар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…