Дома Фудбал Барса го возвраќа ударот: Дани Алвеш ни се нудеше да се врати!

Барса го возвраќа ударот: Дани Алвеш ни се нудеше да се врати!

Бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш неодамна ја разбранува спортската јавност откако го нападна раководството на својот бивши клуб.

Имено, Алвеш минатото лето после цели 8 години ја напушти Барселона како слободен играч, а пред неколку дена откри дека се решил на ваков чекор бидејќи бил разочаран од начинот на кој управата го третирала.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во интервјуто Алвеш искажа многу критики и обвинувања кон раководството на каталонскиот клуб, а денес „Мундо Депортиво“, медиум близок до Барселона открива нова вистина.

Имено, Бразилецот изминатиов период во неколку наврати остварил контакт со Барса и се понудил да се врати на „Камп Ноу“. Весникот вели дека Алвеш тешко се привикнувал на животот во студениот Торино, а исто така имал потешкотии и при адаптацијата во тимот и соработката на теренот со новите соиграчи.

Барселона иако е во потрага по десен бек, сепак одбиле да го вратат назад Бразилецот и му објасниле дека неговото поглавје во клубот е завршено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…