Дома Трансфер зона Арсенал повторно пазари од Валенсија

Арсенал повторно пазари од Валенсија

Арсенал се поврзува со многу фудбалери кои наводно би требало да пристигнат на „Емирати“ во јануари, а последен во низата е дефанзивецот на Валенсија, Хозе Гаја.

Младиот лев бек е еден од најперспективните во Европа, а англиските медиуми тврдат дека „топџиите“ ќе тргнат по неговиот потпис во зимскиот преоден рок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно 21-годишниот Шпанец сака што е можно поскоро да ја напушти „Местаља“ поради очајните резултати на тимот, а Арсенал е во пол позиција за неговиот потпис.

Манчестер Јунајтед и Челзи исто така го сакаат Гаја, но Венгер сака да ја победи конкуренцијата бидејќи на таа позиција го има Начо Монреал кој наскоро ќе наполни 31 година.

Доколку се реализира трансферот тоа ќе биде втор на релација Валенсија – Арсенал во само 6 месеци, откако во летниот преоден рок на „Емирати“ пристигна Мустафи за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…