Дома Фудбал Англија Видео: Конте го надмудри Мурињо – Мората херој на „сините“

Видео: Конте го надмудри Мурињо – Мората херој на „сините“

Антонио Конте повторно го надмудри Жозе Мурињи и оствари голема победата во дербито на „Стенфорд Бриџ“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Херој на „сините“ овој пат беше Алваро Мората кој го постигна единствениот гол на средбата во 55-та минута.

Манчестер Јунајтед добро го почна мечот, имаше почетна иницијатива, но Челзи брзо ја презема контролата и почна да создава шанси. Сепак никој не успеда со предност да замине на одмор.

Во второто полувреме Конте тргна поодлучно и клучниот момент се случи во 55-та минута кога по убава асистенција од Азпиликуета, Мората постигна гол со глава за победа на Челзи од 1-0.

„Специјалниот“ веднаш реагираше и со влегувањето во игра на Фелаини и Марсијал, на местата на Џонс и Михтарјан се врати на 4-3-3 формација, но Челзи продолжи со иницијативата и преку Бакајоко и Азар пропушти можност за зголемување на 2-0.

Во последните минути „црвените ѓаволи“ притиснаа, создадоа неколку добри шанси, но сепак не успеаа да го избегнат поразот.

По оваа победа Челзи дојде на само еден бод до Манчестер Јунајтед кој остана на втората позиција со осум бода заостанување зад Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дембеле: Меси е најдобар во историјата, може повторно да го освои Светското првенство

Крилниот напаѓач на Пари Сен-Жермен Осман Дембеле (29) смета дека неговиот поранешен соигр…