Дома Топ вести Верати станува најплатениот Италијанец – Интер, Јуве или…

Верати станува најплатениот Италијанец – Интер, Јуве или…

Марко Верати никогаш не заигра во Серија А, но се чини дека следното лето ќе се врати во Италија и тоа за вртоглава сума на пари.

Верати во 2012 година од Пескара се пресели во ПСЖ и таму се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Европа. Од тогаш до денес четири пати го продолжуваше договорот со „светците“ и стана најплатен Италијанец со 7,5 милиони евра по сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека следното лето плејмејкерот би можел да го напушти Париз бидејќи не се сложува со тренерот Унаи Емери, но и сака промена на средината.

„Република“ тври дека голема битка за неговиот потпис ќе водат италијанските гиганти Интер и Јувентус, кои се спремни да платат огромна сума за да го вратат Верати во Италија.

Имено, новите сопственици на Интер се спремни да платат 80 милиони евра за неговиот потпис и ми нудат плата од 8 милиони евра по сезона, со што ќе биде најплатен фудбалер во Серија А.

Сепак, Јувентус не се откажува од намерата да го донесе и е спремен да плати исто толку пари, па овие два клуба сигурно следното лето ќе играат „дерби Италија“ за потписот на Верати.

Меѓутоа, Интер и Јуве не се единствените клубови кои го сакаат Италијанецот, за неговиот потпис се заинтересирани уште Баерн Минхен, Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…