Дома Фудбал Италија Џеко откри зошто одлучи да остане во Рома

Џеко откри зошто одлучи да остане во Рома

Един Џеко беше една од главните теми на трансфер пазарот на Апенините и се веруваше дека неговиот трансфер во Интер е завршена работа и дека тоа е само прашање на време.

Сепак на крај на изненадвуање на сите, Џеко потпиша нов договор со Рома и стави крај на гласините, а сега откри зошто се одлучил на таков чекор.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Многу пати реков и ќе повторам пак. Во Рим мојата фамилија и јас се чуствуваме одлично. Сите сме среќни, посебно мојата сопруга, а потоа и децата кои се родени овде. Еве, кога неодамна бевме на одмор, ќерката Уна постојано говореше да си одиме дома во Рим“, откри Џеко за клупскиот ТВ канал.

Новиот договор на Џеко со Рома важи до 2022 година, а италијанските медиуми пишуваат дека со 4.5 милиони евра по сезона, воедно тој ќе биде најплатен играч во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ал Наср зема уште една ѕвезда од Англија – Фернандеш го напушта „Олд Трафорд“

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, би можел да направи голем трансфер ова л…