Дома Фудбал Италија Џеко донесе одлука, наскоро става потпис

Џеко донесе одлука, наскоро става потпис

Интер сака да го задржи Един Џеко во своите редови и спреми нов договор за искусниот напаѓач, пренесуваат италијанските медиуми.

36-годишниот напаѓач игра одлично оваа сезона, но неговиот договор со „нероаѕурите“ истекува на лето.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Интер неодамна започна преговори за продолжување на соработката, а Џеко потврди дека не размислува за пензија и дека е среќен во Интер.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека напаѓачот ја прифатил понудата и наскоро ќе стави потпис на нов едногодишен договор тежок 5 милиони евра.

Босанецот имал понуди од САД и Саудиска Арабија, но тој одлучи да остане во Интер каде ќе остане уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Донарума се огласи откако беше исфрлен од тимот на ПСЖ: Разочаран сум и тажен

ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН официјално го објави списокот на играчи за финалето на УЕФА Суперкупот про…