Дома Фудбал Париз ФК преговара со Един Џеко

Париз ФК преговара со Един Џеко

Париз ФК преговара со босанскиот ветеран Един Џеко, пишува весникот “Екип”. Денеска францускиот клуб го претстави халфот Маршал Мунеци, кој доаѓа на позајмица од англискиот Вулверхемптон, но привлекувањето на напаѓачот Џеко, кој играл за Манчестер Сити, Интер и Рома, би било вистинско засилување за новакот во Лига 1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


39-годишниот Един Џеко во моментот е фудбалер на Фиорентина, којашто е на 18-то место во Серија А. Босанецот има само два гола оваа сезона за “виолетовите”, но минатата сезона постигна 21 гол во 53 натпревари во сите натпреварувања за турскиот гигант Фенербахче.

Един Џеко не е единствениот избор за централен напаѓач на Париз ФК, бидејќи актуелен беше Сидики Шериф од Анже, кој, сепак, постигнал согласност со Кристал Палас, а се разгледува и можноста за привлекување на Људовик Ајорк од Брест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тунис понижен пред очите на Кедира во Монтереј (Видео)

Фудбалската репрезентација на Јапонија со големи чекори е на пат кон следната фаза на Свет…