Дома Фудбал Џампаоло ќе му направи услуга на Милан ако замине во Турција

Џампаоло ќе му направи услуга на Милан ако замине во Турција

Поранешниот тренер на Милан, Марко џампаоло се наоѓа пред нов ангажман.

Италијанецот е без работа од октомври 2019. година кога Милан му врачи отказ после само седум кола во Серија А, а сега би можел да се проба во Турција.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Тамошните медиуми пишуваат дека Џампаоло е еден од кандидатите за клупата на Фенербахче, а челниците на овој клуб сакаат што поскоро да се вратат на старите патеки.

Преговорите се веќе во тек, а доколку замине во Истанбул ќе му направи услуга и на Милан, кој мора да го плаќа се до 2021. година.

На тој начин Милан во касата ќе зачува четири милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија денеска ќе го дознае ривалот во баражот за СП

Македонската фудбалска репрезентација на денешната ждрепка од 13 часот ќе го дознае против…