Maрко Џампаоло во текот на летото седна на кромилото на Милан, а веќе на стартот од сезоната е под огромен притисок.
„Росонерите“ во првите шест натпревари под негово водство запишаа четири порази и натпреварот против Џенова би можел да биде пресуден за неговата иднина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Џампаоло зборуваше за „Ла Лене“ и откри дека како дете бил навивач на Интер, градскиот ривал на „росонерите“. Исто така порача дека никогаш нема да даде отказ во Милан.
„Работиме на тоа да бидеме подобри. Утрово трениравме во осум часот..Зборувате дека работам многу, но лошо? Ќе пронајдеме решение за тоа“, изјави Џампаоло и продолжи:
„Да поднесам оставка? Никогаш! Заминувањето значи откажување, а јас никогаш не се откажувам. Во детството навивав за Интер до својата 10-та година, но јас не сум тројански коњ. Не се спремаме за лош резултат против Џенова, се спремаме за славје. Нашата цел е да го дадеме својот максимум. Милан е над сите индивидуални интереси“, порача стратегот на „росонерите“.
Криштоф Пјонтек минатата сезона постигна 30 голови (за Џенова и Милан), но оваа сезона постигна само два гола.
„Оние кои постигнувале голови не можат да заборават да го прават тоа. Се случува може да имате добра серија, но и лоши периоди“, истакна Џампаоло.