Фудбалерот на Челзи, Луис Хол кариерата ќе ја продолжи во Њукасл, соопштија денеска од клубот.
Младиот англиски репрезентативец неодамна го продолжи договорот со Челзи, но „сините“ решија да го продадат поради финансиски причини.
„Чавките“ за неговиот потпис ќе платат 28 милиони фунти и Хол ќе потпише договор до 2026 година.
Хол минатата сезона одигра десетина мечеви во стартниот тим за Челзи, а тој е третото засилување за Њукасл летово откако беа доведени Тонали и Харви Барнс.
Hear from our new signing for the first time! 🗣️ pic.twitter.com/YBIQ8jN40d
— Newcastle United FC (@NUFC) August 22, 2023