Екипата на Њукасл денес го комплетираше трансферот на Крис Вуд кој пристигнува од редовите на Барнли.
Вуд за Њукасл е второ засилување, претходно пристигна Киеран Трипиер. Интересно е што Вуд пристигнува од директниот ривал на Њукасл во борбата за опстанок Барнли. Њукасл е на 19-та позиција со 11 бодови, додека Барнли е едно место погоре, но со ист број на бодови. Сепак треба да се спомене дека Њукасл има два натпревари повеќе.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Неколку пати сум играл на Сент Џејмс Парк и ова е еден фантастичен стадион. Среќен сум што ќе можам да го претставувам овој клуб пред овие неверојатни навивачи“, изјави Вуд.
Њукасл на Барнли за овој трансфер му исплати 25 милиони евра, а Вуд потпиша договор на две ипол години.