Постигнат е договор за еден до најголемите трансфери во овој преоден рок.
Њукасл ќе го доведе фудбалерот на Евертон, Ентони Гордон. Двата клуба веќе постигнале договор и само прашање на време е кога Њукасл ќе го претстави новото засилување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вредноста на трансферот е 40 милиони фунти и доколку се исполнат одредени бонуси сумата ќе достигне и 45 милиони.
И понтаму се водат преговори околу некои детали, меѓутоа најважните работи се договорени и остануваат уште формалностите. Фудбалерот инсистираше на трансферот и не се појавил на денешниот тренинг на „карамелите“.
Станува збор за фудбалер кој има 21 година и игра на позицијата на напаѓач.