„Црвените ѓаволи“ донеле конечна одлука да го продадат Пол Погба на крајот на сезона, тврдат медиумите на Островот.
Погба и оваа сезона игра под сите очекувања и не може да се наметне како лидер на тимот, па раководството смета дека е вистинско време за негова продажба.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
После изјавата на менаџерот на Погба, Мино Раиола на „Олд Трафорд“ сметаат дека Французинот нема иднина во клубот и се погласни се шпекулациите за негов трансфер во Јувентус.
Раководството на Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да го донесе Кристиано Роналдо на „Олд Трафорд“.
Според англиските медиуми во Јувентус исто така се заинтересирани за ваква размена бидејќи сакаат да се ослободат од високата плата на Роналдо и сметаат дека ова е последна шанса да заработат на неговото заминување.