Дома Трансфер зона Јунајтед сака да го „украде“ Ботман пред носот на Милан

Јунајтед сака да го „украде“ Ботман пред носот на Милан

Милан и Лил се блиску до договор за трансфер на дефанзивецот Свен Ботман, но сега во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишниот Холанѓанец игра фантастично во дресот на Лил и се промовираше во еден од најдобрите млади дефанзивци, па го привлече вминанието на многу европски гиганти.

Ботман веќе има комплетен договор со „росонерите“ и се сметаше за сигурно засилување на Милан за 30 милиони евра плус бонуси.

Сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Манчестер Јунајтед бидејќи Тен Хаг одлично го познава и смета дека ќе биде идеален партнер на Варан и столб на одбраната во наредната деценија.

Ботман важи за еден од најдобрите млади дефанзивци и Милан преговара за неговиот трансфер веќе подолго време, па „росонерите“ се во пол-позиција за неговиот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…