Дома Фудбал Англија Јунајтед и Њукасл ќе играат финале, а еден играч сигурно добива медал

Јунајтед и Њукасл ќе играат финале, а еден играч сигурно добива медал

На 26-ти февруари во 17:30 часот Манчестер и Њукасл ќе играат за првиот трофеј во англискиот фудбал оваа сезона во финалето од Лига Купот. Но еден играч без разлика кој и да победи ќе биде запишан како победник во ова натпреварување.

До своето прво финале од 1994 година Њукасл стигна откако со вкупни 3:1 беше подобар од Саутемптон, додека Јунајтед немаше проблеми со Нотингем и ги елиминираше „шумарите“ со убедливи 5:0.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Без разлика кој ќе слави на 26-ти голманот Мартин Дубравка на крајот официјално ќе биде запишан како освојувач.

Во првиот дел од сезоната Дубравка беше позајмен во Јунајтед и одигра два натпревари во Лига Купот (против Астон Вила и Барнли) и без оглед дали Њукасл каде што е сега ќе изгуби или ќе победи тој ќе добие шампионски медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потегот на Влаховиќ ќе предизвика „земјотрес“ во Италија

Фудбалерите на Јувентус беа поразени од Реал Мадрид со 1:0, со што испаднаа од Светското п…