Плејмејкерот на Лестер, Јури Тилеманс ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.
Тилеманс има договор со Лестер до крајот на сезоната и тој одби да ја продолжи соработката со „лисиците“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус се вклучил во трката за 25-годишниот Белгиец и сака да го донесе во Торино на лето како слободен агент.
Јувентус на лето ќе остане без Адриен Рабио, па во Тилеманс гледа идеална замена за Французинот.
„Бјанконерите“ веќе почнале преговори со неговиот агент и сакаат да ја победат конкуренцијата бидејќи интерес за играчот покажуваат уште Арсенал и Барселона.