Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е спремен да го продаде колумбискиот репрезентативец Хуан Квадрадо во летниот преоден рок.
Квадрадо беше на позајмица во Торино од Челзи минатата сезона, но „бјанконерите“ ја искористија опцијата и го откупија неговиот договор за 20 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, тоа не значи дека Колумбиецот ќе остане во Торино. Имено, „старата дама“ е спремна да го слушне понудите за него, бидејќи има други планови за крилните позиции.
Јувентус покрај Даглас Коста, кој е пред трансфер во италијанскиот шампион, сака да го купи и Федерио Бернардески од Фиорентина за кого понуди 40 милиони евра.
Со доаѓањето на овие двајца фудбалери ќе се намали просторот за Квадрадо, па поради тоа Јувентус е спремен да го продаде, но само доколку некој клуб понуди 30 милиони евра.
Интерес за Колумбиецот во моментот покажуваат Арсенал, ПСЖ и Милан.