Дома Фудбал Останато Јувентус одбил ОГРОМНА понуда за Игуаин од англискиот гигант

Јувентус одбил ОГРОМНА понуда за Игуаин од англискиот гигант

Неверојатна понуда одбил Јувентус за својот напаѓач Гонзало Игуаин.

Откако што останаа без Бонучи, „Старата дама“ би можела да остане и без првата напаѓачка опција, Гонзало Игуаин.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Понуда за Аргентинецот испратил Челзи, а таа изнесувала неверојатни 100 милиони евра, пренесува италијанскиот „Tuttosport“. Сепак, Јувентус ја одбил понудата, бидејќи не сака да остане без најверојатно најдобриот фудбалер во овој момент.

Потсетуваме, „Старата дама“ минатото лето го купи Игуаин од Наполи откако што активираа откупна клаузула во висина од 90 милиони евра. Тој минатата сезона постигна 24 гола во Серија А, со што постигна и три во Купот на Италија и пет во ЛШ.

Челзи во текот на трансфер периодот е во потрага по напаѓач, а пред малку останаа и без Лукаку, кој го одбра Манчестер Јунајтед, па сега се свртеа кон други опции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ го сака Рашфорд, му нуди трампа на Јунајтед

Луис Енрике сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок, а прва желба е ѕвездата на …