Дома Фудбал Италија Јувентус објави колку ќе паузира Ди Марија

Јувентус објави колку ќе паузира Ди Марија

Фудбалерот на Јувентус Анхел Ди Марија ќе отсуствува од терените околу 20 дена поради повреда на тетивата, соопшти денес италијанскиот клуб.

Црно-белите објавија дека на прегледите било утврдено дека станува збор за мала повреда на десниот бутен мускул и за опоравување ќе бидат потребни околу 20 дена. Ди Марија се повреди во вторникот во натпреварот против Макаби Хаифа кој Јувентус го изгуби со 2:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради повредата на Ди Марија се стравуваше и во Аргентина со оглед на тоа дека Светското првенство кое започнува на 20. ноември е се поблиску.

На Мундијалот во Катар Аргентина ќе игра во групата „Ц“ против Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поранешен англиски репрезентативвец се откажа од својата ќерка кога дозна дека има „Онли Фенс“

Миа Винворд-Дан, 19-годишната Англичанка и ќерка на поранешниот англиски репрезентативец Д…