Дома Фудбал Италија Јувентус го претстави новиот дефанзивец: Ова е остварување на сонот!

Јувентус го претстави новиот дефанзивец: Ова е остварување на сонот!

Италијанскиот лев бек Леонардо Спинацола денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на Јувентус.

Бившиот играч на Аталанта изјави дека е пресреќен и за него е остварување на сонот да го облече црно-белиот дрес.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Денес се оствари мојот сон. Долги години ја чекав оваа шанса. Среќен сум што на крајот успеав да се вратам во овој клуб. Јувентус е секогаш бил место каде што сакам да бидам. Никогаш не сум размислувал за други клубови“, изјави Спинацола.

„Мојата физичка состојба е добра, започнав да трчам. Сега треба да продолжам да работам за што поскоро да се рехабилитирам од повредата. Очекувам да се вратам на терените во октомври или ноември“, додаде левиот бек кој ќе го носи дресот со број 37.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палмер заработил бизарна повреда во својот дом, ќе пропушти два големи дерби натпревари

Играчот на Челзи, Кол Палмер, доживеа повреда што ќе го оддалечи од фудбалските обврски во…