Дома Фудбал Италија Јувентус го освои Купот, Аталанта остана со празни раце🎥

Јувентус го освои Купот, Аталанта остана со празни раце🎥

Јувентус го освои италијанскиот Куп, откако успеа да ја победи Аталаната во финалето (2:1).

Аталанта подобро го отвори мечот и создаде неколку добри шанси, но не ги искористи, па следуваше казна.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Играчот со македонско потекло Дејан Кулушевски со мајсторски потег постигна гол за водство, но неколку минути подоцна Малиновски погоди за 1:1.

„Старата дама“ во второто полувреме изгледаше како друг тим и беше подобар противник.

Најпрво Киеза ја погоди стативата, а неколку минути подоцна успеа да го доведе Јувентус во водство.

До крајот Аталанта не успеа да создаде поголема шанса и да го израмни резултатот, па Јувентус стигна до 14-от трофеј во Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

От Челси поставиле висока цена на Џексон за да ги одвратат намерите на Јунајтед

Од Челси ја одредиле цената меѓу 80 и 100 милиони фунти за Николас Џексон поради зголемени…