Дома Трансфер зона Јуве и Реал во јануари тргнуваат во преговори со Ериксен

Јуве и Реал во јануари тргнуваат во преговори со Ериксен

Јувентус и Реал Мадрид во јануари тргнуваат во лов на Кристијан Ериксен, јавуваат странските медиуми.

На крајот на сезоната на данскиот фудбалер му истекува договорот со Тотенхем и извесно е дека ќе го напушти клубот, а како потенцијални дестинации се споменуваат Јувентус и Реал Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Странските медиуми како фаворит за потписот на Ериксен го сметаат Јувентус, кој според „Кориере дело Спорт“, веќе го „подготвил теренот“ за преговори со цел да го донесе комплетно бесплатно.

„Бјанконерите се надеваат дека ќе ја продолжат праксата да носат врвни фудбалери без обештетување. Претходно во клубот од Торино пристигнаа Погба, Ремзи, Рабиот …“, пишуваат италијанските медиуми.

Ериксен дојде во Тотенхем во 2013. година од Ајакс за 13,5 милиони евра, а во меѓувреме за Спарси настапи на 292 натпревари, постигна 68 погодоци и запиша 87 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…