Дома Македонски спорт Јубилеј за Стефан Ристовски во дресот на Динамо

Јубилеј за Стефан Ристовски во дресот на Динамо

Динамо Загреб вчера славеше победа над Карабах во плеј-офот од Лигата на шампионите со 3:0 и така дојде на чекор од пласман во групната фаза од најелитното европско натпреварување.

Во овој натпревар до јубилеј стигна и македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски. Овој натпревар за Ристовски беше негов 150. во дресот на Динамо, но и покрај победата тој нема да го памети по добро.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Ристовски поради повреда мораше да биде заменет по само 20-тина минтуи игра. Засега нема информации од каков карактер е повредата и колку ќе паузира.

Македонскиот фудбалер имаше одличен почеток на сезоната и во првите три кола од првенството на Хрватска веќе постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Без голови на дербито, Миовски не доби шанса во Париз

Манчестер Сити и Интер одиграа меч без голови, ПСЖ во последните минути ја победи Џирона, …