Bо Сплит настана вистински хаос по вчерашното дерби помеѓу Хајдук и Динамо Загреб, домашните навивачи беа бесни по вториот пораз во само неколку дена од големиот ривал, откако претходно беа поразени во првенството.
Нередите кои прво се случуваа на теренот се префрлија на улиците во Сплит, а домашните навивачи некое време поради безбедност мораа да останат на стадионот додека ситуацијата не се расчисти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во тие моменти додека навивачите на Динамо чекаа на стадионот потег за воодушевување направи македонскиот фудбалер Стефан Ристовски. Ристовски од соблекувалната донесе шишиња со вода и им ги однесе на навивачите.