Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа четири натпревари.
Актуелниот шампион Голден Стејт славеше на гостински терен кај Далас Маверикс со 114:119, а очекувано најистакнати во двата тима беа Стеф Кари и Лука Дончиќ.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Дончиќ ги предводеше Маверикс со 26 поени (шут од игра 8/19, тројки 5/10), шест скокови, пет асистенции и една украдена топка.
Меѓутоа Словенецот беше засенет од еден од најдобрите играчи во НБА во последните години.
Стеф Кари постигна 48 поени, 17/32 од игра. При тоа уфрли 11 тројки од 19 обиди. Така постави рекорд во најсилната кошаркарска лига: 12 натпревари во кариерата10 или повеќе тројки.
Исторскиот настап Кари го заокружи со шест скокови, пет асистенции, две блокади и една украдена топка.
Steph Curry pours in 11 triples, 48 PTS, helping the @warriors come away victorious on the road! #SAPStatLineOfTheNight pic.twitter.com/fmUtHIzJpe
— NBA.com/Stats (@nbastats) January 14, 2019
https://www.youtube.com/watch?v=LPvGVVe_c1g
Никола Јокиќ во натпреварот помеѓу Денвер и Портланд го одигра еден од најдобрите натпревари од кога е во НБА. Српскиот кошаркар во победата на Денвер од 116:113 уфрли 40 поени, а покрај тоа додаде десет скокови и осум асистенции.
На спротивната страна најефикасен беше Демиан Лилард со 26 поени.
Eдно од најголемите изненадување во текот на досегашната сезона го направи Кливленд кој на гостински терен го совлада Лејкерси со 95:101.
На Лејкерси не им помогна ниту тоа што ги имаа двата најефикасни играчи натпреварот, Кузма (29) и Инграм (22), кај Кливленд поентерски најрасположен беше Осман кој уфрли 20 поени.
НБА резултати:
Орландо – Хјустон 116:109
Далас – Голден Стејт 114:119
Денвер – Портланд 116:113
Лос Анџелес Лејкерс 95:101