Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ го доби дуелот со Гасол – победата за Денвер ја обезбеди со тешки поени во последните секунди (ВИДЕО)

Јокиќ го доби дуелот со Гасол – победата за Денвер ја обезбеди со тешки поени во последните секунди (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одново одигра одличен натпревар за Денвер.

Денвер стигна до победа на гостински терен против Мемфис од 92:95.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Српскиот центар водеше голема борба под кошот со Шпанецот Марк Гасол кој натпреварот го заврши со 28 поени, додека Јокиќ имаше 24.

https://youtu.be/HAOwr2S_FeA

Натпреварот беше супер интересен и беше решен во последните секунди од натпреварот.

Јокиќ последниот удар на Гризлите им го зададе кога на 28 секунди пред крајот постигна тешки поени, токму преку Гасол за водство на Денвер од 93:92.

Во наредниот напад малку недостасуваше Мемфис да стигне до водство, бидејќи Кајл Андерсон на три секунди пред крајот постигна неверојатен кош преку таблата, но судиите утврдија дека ја нагазил линијата, па неговите поени беа поништени. Во продолжени Денвер со слободните фрлања на Херис ја потврди победата.

Конли со шут од половина терен можеше да донесе продолжение, но промаши и Денвер стигна до 34-тиот триумф во сезната.

Никола Јокиќ беше најефикасен во редовите на својата екипа со споменатите 24 поени, а запиша и пет скокови. Покрај него се истакнаа Вили Бартон со 20 и Малик Бизли со 18 поени.

Голден Стејт ја совлада Индијана на гостински терен со дури 32 поени предност. Стеф Кари постигна 26 поени и Казинс 22 кој после тешката повреда се врати во ритам.
НБА резултати

Шарлот – Њујорк Никси 101:92

Индијана – Голден Стејт 100:132

Бостон – Бруклин 112:104

Мемфис – Денвер 92:95

ЛА Клиперси – Атланта 118:123

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…