Дома Фудбал Останато Јоаким Лев после дебаклот: На вистинскиот пат сме!

Јоаким Лев после дебаклот: На вистинскиот пат сме!

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев не е многу загрижен за високиот пораз (6:0) од Шпанија во Лигата на нации.

„Во второто полувреме, се обидовме да извршиме индивидуален притисок за да постигнеме гол и да се вратиме во игра. Но, Шпанците играа подобро, тие беа побрзи и попрецизни. Немавме шанса. Сепак, им веруваме на играчите кои беа поканети во националниот тим. На вистинскиот пат сме, но досега заостануваме зад нивото што се надевавме дека ќе го достигнеме“, изјави Лев.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Дали се плашам да ја загубам работата? Тоа прашање треба да им го поставите на раководните луѓе“, одговори Лев.

Шпанија со 11 бода го освои првото место во групата и се пласираше во плејофот, додека  Германија е втора со девет бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нејмар го продолжи договорот со Сантос до Светското првенство 2026

Изгледа дека Нејмар стави крај на шпекулациите за премин во Интер Мајами или враќање во Ев…