Колумбискиот дефанзивец на Барселона, Јери Мина јавно го изрази разочарувањето од односот на клубот кон него.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мина пристигна на „Камп Ноу“ во јануари за сума од 11 милиони евра од Палмеирас, но запиша само 5 настапи за Каталонците и често не беше ни на клупата за резерви.
„Не можам да ги гледам натпреварите дури ни од клупата. Тешко е да ги гледаш соиграчите на телевизија, а цела недела си тренирал заедно со нив. Тоа не му го посакувам на никого“, изјави Мина за колумбиските медиуми.
„За мене последната половина година беше многу тешка и многу тажна. Светот му се рушеше и имав чувство дека дури не можам да ја подавам топката“, додаде Мина.
Колумбиецот одигра одлично Светско првенство, но неговото место во Барселона се уште е под знак прашалник, особено после доаѓањето на Клемен Ленгле.