Дома Трансфер зона Јаја Туре се сели во Серија А!

Јаја Туре се сели во Серија А!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Јаја Туре сигурно ќе го напушти „Етихад“ ова лето, а во трка за неговиот потпис се двата милански гиганти.

Агнетот на Јаја Туре неодамна потврди дека нема да започнат преговори со „граѓаните“ за нов договор и дека се отворени да започнат преговори со заинтересираните клубови.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Иако Африканецот има 34 години сепак сака сеуште да игра на високо ниво, па не размислува за преселба во САД и Кина, а како најверојатно дестинација се споменува Серија А.

Англиските медиуми тврдат дека Интер и Милан се најсериозни кандидати за неговиот потпис, па останува да видиме кој од овие два клуба ќе се избори за неговиот потпис.

Доколку „нероаѕурите“ изборат пласман во Лигата на шампиони тогаш Интер сигурно би бил попримамлива дестинација за искусниот играч за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…