Новиот селектор Благоја Милевски го повика и Адис Јаховиќ за септемврискиот квалификациски циклус.
Милевски списокот официјално ќе го објави наредните денови, но Јаховиќ за нашиот медиум потврди дека добил повик. Минатиот месец селекторот беше во Турција и разговараше со напаѓачот, па одлучи да го врати во репрезентацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова за Јаховиќ ќе биде повторно враќање во репрезентацијата по неколку години. Голгетерот на Гецтепе ќе биде дел од списокот за трите квалификациски натпревари за Мундијалот во Катар.
Милевски ќе повика и тројца дебитанти. Никола Серафимов и Тодор Тодороски ќе бидат освежувања во одбраната, а Бојан Миовски во нападот.