Дома Луд Спорт Јаневски: Можеме до позитивен резултат!

Јаневски: Можеме до позитивен резултат!

Фудбалерите на Вардар вечерва во Трондхајм против Розенборг ќе го одиграат натпреварот од второто коло во Лига Европа.

Шефот на стручниот штаб, Чедомир Јаневски истакна дека Вардар нема да се предаде и ќе се обиде да одигра добар натпревар.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Имаме респект за нашиот противник затоа што има огромно искуство со европски натпревари. Но, ние веруваме во нашиот квалитет и веруваме дека можеме да стигнеме до позитивен резултат. Не би сакал никого да издвојам од противничката екипа бидејќи тие се добри како колектив. Ги гледавме неколкупати во оваа сезона, направивме добра анализа. Подготвени сме да се надигруваме со противникот“, истакна Јаневски.

„Сите го знаеме Бендтнер, кој има играно во големи клубови, има многу вакви натпревари, но исто така Розенборг е екипа која поседува одлични играчи во средината на теренот. Не можам да кажам дека сигурно ќе победиме, тоа е тешко да се каже, особено на вакви натпревари, но дојдовме тука да одиграме добар натпревар и се надевам дека тоа ќе ни донесе позитивен резултат. И ние и Розенборг имавме лош старт во групната фаза од Лигата на Европа, и сега на некој начин двата тима ги посакуваме првите бодови“, додаде Јаневски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…