Дома Топ вести Ја доби довербата од УЕФА: Џанлука Роки ќе го суди Суперкупот во Скопје

Ја доби довербата од УЕФА: Џанлука Роки ќе го суди Суперкупот во Скопје

Италијанецот Џанлука Роки ја доби довербата на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за делење правда во Суперкуп пресметката меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед на 8 август во Скопје.

На 43 годишниот арбитар од Фиренца ќе му асистираат пет негови сонародници. Крај аут линиите ќе бидат Еленито ди Либераторе и Мауро Тонолини, работните места зад головите ги добија Давиде Маса и Масимилијано Ирати. За резерва на Роки е одреден Рикардо ди Фиоре, а четврти судија ќе биде Французинот Клемен Турпан.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Роки е интернационален судија од 2008 година и досега бил главен судија на 72 меча под капа на УЕФА. Беше делегиран за девет натпревари во европските купови во сезоната 2016/17. Меѓу нив и осминафиналниот реванш меѓу Монако и Манчестер сити, четвртфиналниот реванш судир на Лестер и Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони како и првата полуфинална средба во Лига Европа (ЛЕ) на Ајакс и Олимпик Лион. Беше и четврти судија во финалето во ЛЕ на „Френдс арена“ во Стокхолм во кое играа Манчестер јунајтед и Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фотографии од Модриќ по мечот со ПСЖ кои нема да ги остават рамнодушни навивачите на Реал Мадрид

ПСЖ синоќа го декласираше Реал Мадрид со 4:0 во полуфиналето од Светското клупско првенств…