Раководството на Јувентус покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лион, Рајан Черки, пренесува „Калчомеркато“.
Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лион има финансиски проблеми и ги стави сите фудбалери на продажба, па Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.
Меѓутоа, конкуренцијата за потписот на 21-годишниот фудбалер е голема бидејќи интерес за него покажуваат уште ПСЖ, Милан и Ливерпул.
„Старата дама“ сака да го засили нападот во јануари и веќе стапиле во контакт со агентот на Французинот.