Дома Останати Кошарка Јокиќ се шегуваше со Дончиќ: Многу си ослабел (Видео)

Јокиќ се шегуваше со Дончиќ: Многу си ослабел (Видео)

Никола Јокиќ танцуваше на паркетот, додека Лука Дончиќ го следеше од клупата. Српскиот центар во победата на Денвер против Лејкерс (131:126) одигра уште еден одличен натпревар, постигнувајќи 28 поени, 7 скокови и 5 асистенции, додека на другата страна не беше присутен Словенецот кој одмараше поради замор и преголем број на последователни натпревари.

Двајцата се добри пријатели, што е познато, па така Јокиќ го искористи моментот за да се пошегува со него. По првата четвртина му пријде на Лука, се прегрнаа срцечно и малку разговараа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако не може точно да се слушне што му рече, по реакциите и потезите на Никола може да се заклучи дека се шегува за неговата тежина и му сугерира дека значително ослабнал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Селекторот на македонската кошаркарска селекција Илиевски поднесе оставка

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски поднесе денеск…