Кошаркарот на Црвена звезда, Марко Гудуриќ, кариерата ќе ја продолжи во редовите на европскиот првак Фенербахче, потврдил првиот човек на белградскиот клуб Небојша Човиќ.
Човиќ утрово во утринската прогама на телевизијата „Пинк“ потврдил дека Гудуриќ ќе се пресели во Истанбул, каде игра неговиот поранешен соиграч Никола Калиниќ. Младиот бек во тимот ќе го замени сонародникот Богдан Богдановиќ, кој се пресели во НБА лигата, во Сакраменто Кингс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црвена звезда како отштета ќе добие еден милион евра и 20 отсто од нареднот трансфер на Гудуриќ.
„Постигнат е договор со Фенербахче, отштета е милион евра плус 20 отсто од следниот трансфер“, рекол Чoвиќ.
Гудуриќ е седмиот кошаркар кој го напушти шампионскиот тим на Црвена звезда во овој преоден рок. Претходно од тимот заминаа Лука Митровиќ (Бамберг), Марко Симоновиќ (Зенит), Чарлс Џенкинс (Химки), Стефан Јовиќ (Баерн), Нејт Волтерс и Дион Томпсон.