Дома Фудбал Ѓулер откри каков прекар добил во соблекувалната на Реал Мадрид

Ѓулер откри каков прекар добил во соблекувалната на Реал Мадрид

Минатата година Рeaл Мадрид од Фенербахче за 20 милиони евра го доведе играчот за врска Арда Ѓулер (19). Турскиот талент досега го мачеа повреди поради кои одигра малку натпревари.

Тренерот Карло Анчелоти изјави дека нема да го испрати на позајмица следната сезона, а фудбалерот му се оддолжи со единствениот гол во победата на Реал над Реал Сосиедад (1:0) во 33.коло од Ла Лига.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако пристигна во мадридскиот клуб, шпанските медиуми го гледаат како наследник на Лука Модриќ, соиграч кој е двојно постар од него, чиј договор истекува на крајот на сезоната и не е сигурно дали ќе остане.

Токму затоа за јавноста е интереен и односот помеѓу двајцата фудбалери. Хрватот турскиот фудбалер го нарекува „помал брат“. Освен тоа во гостувањето на една шпанска емисија откри и дека во соблекувалната има прекар „Аби“ што во превод на турски значи брат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска н…