Дома Македонски спорт Ѓорѓиев го крена пехарот – македонската химна во чест на светскиот шампион! 🎥

Ѓорѓиев го крена пехарот – македонската химна во чест на светскиот шампион! 🎥

Најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓорѓиев денес четврти пат стана светски шампион и тоа секако е успех за почит.

Ѓорѓиев се натпреваруваше во категоријата лоу-кик, до 81 килограми и ја потврди доминацијата. Во финалето беше супериорен против Босанецот Никола Дробњак кого го победи со 3:0. Претходно со истиот резултат славеше против Дано од Италија, Даковиќ од Србија и Николов од Бугарија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Прекрасен беше моментот при доделувањето на наградите кога се интонираше македонската химна во чест на Ѓорѓиев. Ќе потсетиме Светското првенство се одржуваше во Италија во градот Језоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…