Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналети на ИТФ фјучерсот во Инстанбул, денес најдобрата македонска тенисерка славеше победа против Дарија Кружкова со 2:0 во сетови.
Ѓорческа прикажа одлична игра и за еден час и 10 минути игра ја совлада Русинката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На стартот Кружкова покажа подобра игра и стигна до брејк, но потоа Ѓорческа го наметна својот ритам и го доби сетот со 6:3.
Во вториот сет нашата тенисерка уште на стартот стигна до брејк и водство о 2:0, потоа рутински го приведе мечот кој крај и славеше со 6:2.
Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против Романката, Ралука Шербан.