Дома Останати Ѓоковиќ супериорно до финалето во Австралија

Ѓоковиќ супериорно до финалето во Австралија

Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Австралија опен, откако убедливо го совлада Томи Пол со 3:0 во сетови (7:5, 6:1, 6:2).

Србинот стартуваше фуриозно, поведе со 5:1 во гемови, но потоа имаше мал пад во играта, па Томи Пол успеа да израмни на 5:5. Сепак, Ѓоковиќ го освои првиот сет со 7:5 во гемови, а следните два сета беше супериорен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ се пласираше во своето 10-то финале на Австралија Опен и ќе се бори за десеттата титула во дуелот со Стефанос Циципас, кој претходно денеска го совлада Карен Хачанов во четири сета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Синер гази, брка подвиг каков што никој не направил девет години!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер оствари победа над Александар Зверев со резултат 2:0, со…