Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен.
Новак во четвртфиналето после пресврт го совлада Италијанецот Матео Беретини со 3:1 во сетови, 5:7, 6:2, 6:2 и 6:3.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓоковиќ очигледно има проблеми на отварањето на своите мечеви. Во четири од пет меча на УС Опен Новак го изгуби првиот сет, така беше и против Беретини кој после скоро саат ипол го доби сетот со 7:5.
Меѓутоа потоа следуваше целосна доминација на првиот рекет во светот. Преостанатите три сета лесно ги реши во своја корист, на противникот му препушти вкупно седум гема и на крајот убедливо славеше.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со Александар Зверев.
Take a set off this man at your own risk 👀@DjokerNole defeats Berrettini 5-7, 6-2, 6-2, 6-3 and moves one step closer to achieving a calendar Grand Slam 👏 #USOpen pic.twitter.com/jwdKk7QTCV
— ATP Tour (@atptour) September 9, 2021