Легендарниот Роџер Федерер вчера официјално објави крај на тениската кариера, па тоа се уште е главна спортска тема.
Еден од двајцата најголеми ривали, Новак Ѓоковиќ преку социјалните мрежи испрати порака и изрази голема почит за сите достигнувања на Федерер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роџер, тешко е да се види овој ден и да се каже со зборови сето она што ние двајца го споделивме во овој спорт. Повеќе од една деценија имаме неверојатни моменти и битки за кои допрва треба да се зборува. Твојата кариера го постави стандардот за она што претставува совршенство. Беше лидер со интегритет и сериозност. Чест ми е што те познавам, што поминавме време на теренот и надвор од него и се надевам дека така ќе биде уште многу години“.
„Знам дека новото поглавје од твојот живот носи нови големи нешта – тебе, Мирка, децата, оние што ги сакаш. Знам и дека сите фанови на Роџер имаат на што да се радуваат. Во име на моето семејство ти посакувам тебе и на твоето семејство радост, здравје и просперитет во иднина. Едвај чекам да ги прославиме твоите достигнувања, но и да се видиме во Лондон“, порача српскиот тенисер.