Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Нема да рекламирам обложувалници и алкохол ниту за милијарда долари

Ѓоковиќ: Нема да рекламирам обложувалници и алкохол ниту за милијарда долари

Новак Ѓоковиќ неодамна ја освои рекордната 23. грен-слем титула во кариерата откако славеше на Ролан Гарос и за многумина по овој успех тој стана најдобриот тенисер во историјата.

Освен што освојува титули, Ѓоковиќ сака да испрати вистинска порака до луѓето во светот. Менаџерот на Ѓоковиќ, Едуардо Арталди откри дека Ѓоковиќ имал многу понуди да рекламира обложувалници и алкохол, но неговиот одговор секогаш бил ист „не“.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Ѓоковиќ сака светот да биде подобро место за живеење. Добил многу понуди од обложувалници и алкхолни пијалоци, но секогаш е јасен: Можат да ми понудат и милијард долари, никогаш нема да ги рекламирам, имам одговорност како најдобар тенисер во светот. Не смеам да испраќам погрешна порака до милиони луѓе“, открил Арталди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Агаси: Алкараз ги собра сите особини од големата тројка

Карлос Алкарас навистина има причини да ужива на лаврите. Не само што повторно е најдобар …