Настапот на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен е неизвесен и е главна тема во спортските медиуми во моментов.




Светскиот рекет број еден и бранител на титулата досега не го обелоденил својот вакцинален статус, додека организаторите на турнирот му порачаа дека ќе мора да биде вакциниран ако сака да игра.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Поранешниот српски селектор, Радмило Арменулиќ смета дека неговиот сонародник сигурно е вакциниран и дека треба да и го каже тоа на јавноста.




„Новак не треба да прави драма околу сето ова, туку треба отворено да каже дали е вакциниран или не. Вака може само да си наштети себе си. Работата е едноставно, ако не се имунизира тогаш нема да игра и тоа не само во Мелбурн. Мислам дека Ѓоковиќ сигурно е вакциниран и дека ќе игра на Австралија Опен. Мојот извор е фактот што му е дозволено да влезе во Австрија. Таму во моментов е локдаун и сигурно не би го пуштиле на граница ако не приложи сертификат“, изјави Арменулиќ.