Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на тенискиот турнир на Олимписките игри откако во четвртфиналниот меч го совлада Гркот Стефанос Циципас со 6:3, 7:6(3).
Тој остана во игра за освојување на единствената титула која му недостига во кариерата, онаа на олимписки победник. Досега освојувачот на 24 Грен слем титули на Олимписките игри освои една бронза, пред 16 години во Пекинг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во мечот за финалето ќе игра против Италијанецот Лоренцо Музети, кој претходно во четвртокот го победи златниот од Токио и финалист на овогодинешното издание на Ролан Гарос, Германецот Александар Зверев со 7:5, 7:5. Под знак прашалник е во каква здравствена состојба Ѓоковиќ го дочекува тој натпревар.
По победата, во интервју за една српска телевизија, на прашањето што треба да се случи за да биде подготвен за натпреварот, тој го зеде крстот на синџирот во раце, го бакна и рече: „Што треба да се случи? Тоа треба да се случи, се молам на Бога дека се ќе биде добро“.
Она за што зборуваше Ѓоковиќ има своја основа во почетокот на вториот сет од борбата против Циципас.
Бев исплашен. Тоа беше дежа ву од она што се случи пред неколку месеци на Ролан Гарос кога се повредив на натпреварот, успеав да победам, а потоа дознав дека го скинав менискусот“, рече тој и додаде:
“Не знам што е тоа, но се надевам дека не е тоа. Многу сум загрижен. Лекарите ќе направат тестови. Се надевам дека ќе бидам подготвен да играм. Дури и да кажат дека не е добро, ќе се обидам да играм. Малку се шансите да се борам за медал за мојата земја. Ќе направам се што можам за да бидам во позиција да се борам за Србија“.