Новак Ѓоковиќ лесно дојде и до втората победа на турнирот во Дубаи.
После стартниот триумф над младиот Италијанец, Музети денес Новак го совлада Русинот Карен Хачанов со 2:0 во сетови (6:3, 7:6) и така се избори за пласман во четврфиналето. Се беше завршено после еден час и 35 минут иигра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во првиот сет клучен беше четвртиот гем кога Новак ја искористи втората брејк топка и поведе со 4:1, а во деветиот гем ја искористи првата сет топка за конечни 6:3. Хачанов во тој период ниту еднаш не се закани посериозно.
Вториот сет донесе нешто посериозен отпор на рускиот тенисер иако Ѓоковиќ прв стигна до брејк и тоа во третиот гем за водство од 2:1. Наредниот донесе голема борба, Хачанов имаше неколку прилики да го врати брејкот, но Ѓоковиќ се одбрани. Сепак, тоа што го пропушти тогаш Русинот го направи нешто подоцна кога се избори за својот прв брејк во овој меч за 4:4.
Можеше Ѓоковиќ веќе во наредниот гем да го освои сервисот на ривалот, но пропушти две прилики, па се влезе во тај-брејк каде што Ѓоковиќ не дозволи изненадување и го обезбеди пласманот во четвртфинале.