Tимот на Јувентус се најде во неочекуван проблем откако Пол Погба беше позитивен на допинг тест.
Сите во Торино се во исчекување на дополнителните анализи и се надеваат дека репрезентативецот на Франција нема да биде казнет. Во меѓувреме се огласи директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Раскинување на договорот? Чекаме, па ќе видиме потоа што со менаџментот на Погба. Сега гледаме во иднината и го чекаме расплетот на ситуацијата“, изјави Џунтоли.
Погба во последните години има проблеми со повредите, посебно е тоа изразено откако се врати во Јувентус. Со оглед на тоа дека има 31 година, прашање е како може да се развива понатаму неговата кариера.