Ajнтрахт Франкфурт денес со 2:1 го победи Шалке во рамките од 32. коло во Бундеслигата.
Со овој пораз Шалке ја продолжи низата во која е без победа дури 14 натпревари!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ајнтрахт и полесно од резултатот стигна до победата, а мечот го реши после 50 минути игра. До тогаш беше 2:0, погодуваа Силва и Абрахам. За Шалке единствениот гол го постигна МекКејн во 59. минута.
Гостите натпреварот го завршија со играч помалку бидејќи Боздоган на 13 минути пред крајот доби втор жолт картон.
Со оглед на тоа што Шалке 14 натпревари не знае за победа во клубот можат да бидат среќни што се наоѓаат на 10. позиција со 39 освоени бодови.
Во наредното коло Шалке ќе игра против дома против Волфсбург, додека Ајнтрахт гостува кај Келн.