Дома Фудбал Што придонесе за лошата партија на Иско?!

Што придонесе за лошата партија на Иско?!

Натпреварите против Валенсија се секогаш тежок испит за Реал Мадрид, па така беше и синоќа. Кралевите со погодокот на Асенсио од 83. успеаа да извлечат реми, а еден од најлошите во екипата на Реал, беше секогаш фантастичниот Иско.

Иско во првото полувреме понуди разочарувачка партија, па во второто наместо него, на теренот истрча Матео Ковачиќ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, шпанска Марка пренесува дека Иско чувствувал вртоглавица и дека по влегувањето во соблекувалната неколку пати повраќал, па неговата здравствена состојба била единствената причина за слабиот ден.

Навивачите на Реал, со причина, се загрижени поради ваквите информации, а повеќе за здравјето на Иско ќе се знае откако ќе ги мине лекарските прегледи пред придружувањето на тренинзите со репрезентацијата на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали судијата го оштети Челси – ова е ситуацијата која го налути Мареска (Видео)

Челси доживеа тежок пораз во Минхен, губејќи од Баерн со 1-3 во првото коло од новата сезо…