Еден од најдобрите голмани во историјата на ракометот, Арпад Штербик објави дека на крајот на сезоната заминува во пензија.
Поранешниот Вардарец, кој освои се што можеше да се освои, објави дека ќе ја заврши богатата кариера и ќе се посвети на семејството.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако сум искрен, морам да признам дека размислував за овој потег веќе четири-пет години. Секогаш имаше нешто што ме предомислуваше, што ме тераше да одам напред. Ракометот е дел од мојот живот, ќе остане дел и кога ќе се пензионирам, но не чувствувам тага од ваквиот потег. Дома ме чекаат жена и две убави деца, па немам зошто да бидам тажен.Ќе им порачам на навивачите да не тагуваат, бидејќи ако биде неопходно ќе се вратам и ќе помогнам“, изјави Штербик.
Штербик има договор со Веспрем до крајот на сезоната, па ќе се обиде уште еднаш да се искачи на кровот на Европа.